Сребрен медал за пионерите на МЗТ Скопје Аеродром во М12-лигата на МКФ!

2018 14 Јун

Најмладата генерација кошаркари кои се натпреваруваат во дресот на МЗТ Скопје Аеродром, пионерите до 12-годишна возраст, се закитија со сребрениот медал на завршниот турнир во М12-лигата на МКФ, откако во вчерашното финале во драматичен и до крај неизвесен меч загубија од Вардар 2 (48-51).

Во завчерашното полуфинале, сино-белите пионерчиња убедливо беа подобри од Водњански лисици со 52-33, а претходно во четврт-финалето го совладаа Баскет Кам со 70-45.

Претходно, со сребрен медал се закитија и јуниорите предводени од тренерот Горан Крстевски.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page