Талентите на МЗТ Скопје Аеродром ќе одиграат три меча против врсници од Холандија

2018 05 Мар

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром родени помеѓу 2003 и 2005 година, од денеска до петок ќе бидат гости на академијата на холандскиот тим Ландштеде од Цволе.

На пат заминаа 23 членови младинската школа на нашиот тим, предводени од тренерот Дарко Димитријевиќ. Генерацијата за играчи родени 2003 година ќе настапи во комплетен состав додека останатите две возрасни категории ќе бидат комбинирани во еден тим. Тие во Цволе ќе одиграат три пријателски средби со врсниците од Ландштеде, во термини кои дополнително ќе бидат одредени. Во меѓувреме, кошаркарите од двата тима заедно ќе тренираат, а планирана и е и посета на Амстердам.

Гостувањето на МЗТ Скопје Аеродром е само почеток на соработката на двата клуба, со оглед што е планирано во догледно време кошаркари на Ландштеде да престојуваат во Скопје во возвратна посета. Ова е второ европско гостување во краток период за напите таленти, кои пред две недели беа во Барселона каде одиграа два пријателски натпревара со врсниците од Хувентуд во кои остваривме исто толку победи.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page