Помладите кадети на МЗТ Скопје не запираат – како гости ги преслушаа Работнички и Водно санс!

2017 23 Дек

Помладите кадети на МЗТ Скопје Аеродром на возраст денеска остварија две значајни победи против исклучително силни ривали и тоа играјќи како гости.

Селекцијата за играчи до 14 години беше поуспешна во пресметката со Партизан Водно санс (57-47) во меч во кој доминиравме во првата и третата четвртина, додека во последниот период умешно ја одржавме остварената позитива. Филип Босилков со 20 и Тео Војновиќ со 14 поени беа најпрецизни во сино-белиот состав, во кој двоцифрен поентерски ефект имаше уште и Филип Гавриловски со 10 поени.

Една година постарите таленти на екипата од Аеродром мина триумфално низ салата „Градски парк“ каде со одлична игра иста така во две четвртини, овој пат во првата и третата, успеаја да го скршат отпорот на вечниот ривал Работнички (59-55). Борјан Димовски и Лука Зафировски беа најпрецизни со по 14 поени, додека Антонио Софрониевски застана на 10 поени.

Двете победнички селекции на МЗТ Скопје Аеродром беа предводени од тренерот Дарко Димитријевиќ,

(М-14) Партизан Водно санс - МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 47-57 (12-19, 16-9, 7-18, 12-11)

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ: Војновиќ 14, Буха, Илиевски 6, Стојановиќ, Гавриловски 10, Николовски, Серафимовски 2, Босилков 20, Митревски, Стојановски 5. ТРЕНЕР: Дарко Димитријевиќ.

(М-15) Работнички - МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 55-59 (11-21, 18-4, 6-19, 20-15)

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ: Адемовиќ 2, Настовски, Чивовиќ , Николовски 8, Димовски 14, Зориќ 8, Софрониевски 10, Зафировски 14, Спасовски 3, Михајловски, Георгиевски, Митовски. ТРЕНЕР: Дарко Димитријевиќ.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page