Демант на написите за наводните промени во буџетот на МЗТ Скопје

2017 20 Дек

Помалку шокантно и изненадувачки ни делуваа написите во медиумите изминативе денови околу средствата со кои МЗТ Скопје ќе располага во 2018 година. Тоа особено се однесува на делот за парите кои клубот ќе ги добие од општина Аеродром како и за нашиот вкупен буџет, кој наводно би бил двојно помал од претходно и во однос на најголемите конкуренти.

Сакаме веднаш и остро да ги демантираме сите. МЗТ Скопје од општината Аеродром ќе добие 200.000 евра, што е идентична сума како и неколку години наназад.

Но, тоа нема да бидат единствените пари кои би ги имале на располагање во следната година, бидејќи клубот има договори за спонзорство и за донации со повеќе компании. Наша намера за во иднина е намалувањето на финансиската зависност од општината за потсетување, е сопственик на акционерското друштво под кое функционираме.

На крајот, би им порачале на сите душегрижници дека МЗТ Скопје Аеродром и во следната година на располагање ќе има доволен буџет за остварување на амбициите, кои секогаш се највисоки. А, тоа значи атака на двата трофеја на домашна сцена, како и што е можно подобар настап во регионалната АБА-лига, каде што долги години сме олицетворение на сѐ што е добро во македонската кошарка.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page