Испечатете ја страната

МЗТ Скопје Аеродром со една победа и три порази се враќа од јуниорскиот АБА-турнир!

2017 26 Ное

Јуниорскиот состав на МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и третиот пораз во низа на полуфиналниот АБА-турнир во Белград за кошаркари до 19 години и тоа во последната пресметка против најсилниот тим Црвена звезда со 76-95.

Противникот беше далеку поквалитетен, што се виде со големата предност обезбедена во втората четвртина (29-10). Но, сино-белите покажаа срце и се бореа до крајот, што резултира со добивање на последниот период (23-14) и делумно намалување на големата негатива.

Мартин Трсунов овој пат беше најефикасен во составот од „Јане Сандански“, Дамјан Крстевски постигна 19, а Дамјан Миса и Валмир Какруки реализираа по 11 поени.

Претходно, избраниците на тренерот Небојша Ѓуковиќ загубија во пресметките со Цибона односно Мега Бемикс, а го совладаа тимот на Морнар.