Морнар на колена: Јуниорите фантастични на стартот на АБА-турнирот во Белград!

2017 24 Ное

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром на возраст до 19 години со победа над Морнар (86-82) го почнаа настапот на полуфиналниоит јуниорски турнир во АБА-лигата кој се одржува во Белград.

Сино-белите одиграа фантастичен меч, се бореа максимално и дадоа сѐ од себе за да дојдат до посакуваниот триумф во мечот против силниот противник од Црна Гора. „Металците“ доминираа во првата четвртина (28-13), но ривалот не се предаде туку со брза игра успеа да нѐ стигне, па дури и да ја презеде резултатска иницијатива. Но, избраниците на тренерот Небојша Ѓуковиќ беа најдобри кога беше најпотребни и со брилијантен финиш повторно дојдоа до водство кое потоа го задржаа до последниот звук на сирената.

Дамјан Крстевски, кој настапува како позајмен играч од Работнички, со 27 поени беше најпрецизен кај македонскиот тим, Дамјан Миса постигна 13, Мартин Трсунов 12, а Валмир Какруки 11 поени.

Следен противник на МЗТ Скопје Аеродром е тимот на Цибона со кого ќе ги одмериме силите утре со почеток во 11.30 часот. Последните два меча ќе ги одиграме задутре и тоа прво против Мега Бемакс (9 часот), а потоа и против најголемиот фаворит и домаќин на турнирот, Црвена звезда (16 часот).

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page