Адем Мекиќ повеќе не е член на МЗТ Скопје Аеродром

2017 13 Ное

Адем Мекиќ повеќе не е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако попладнево потпиша договорен раскин на соработката со шесткратниот македонски шампион.

Ова доаѓа на барање на кошаркарот, со желба да замине во средина каде што би имал поголема минутажа. Мекиќ настапи на четири средби во сино-белиот дрес во АБА-лигата сезонава, со просек од три поени за 17 минути кои ги минуваше на паркетот. Нешто поголем му е уделот во средбите од домашниот шампионат, каде што просечно реализираше седум поени со 2,5 скока.

За македонскиот репрезентативец ова беше четврта сезона во дресот на МЗТ Скопје Аеродром. Управата и стручниот штаб на клубот му посакуваат сѐ најдобро во понатамошната кариера.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page