МЗТ Скопје Аеродром викендов домаќин на два младински турнири!

2017 22 Сеп

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром утре и задутре ќе биде домаќин на два турнири во младинска конкуренција за играчи на возраст до 13 односно до 15 години на кои ќе настапат тимовите кои играа на фајналфор-турнирите во минатата сезона под мотото „Најдобрите на едно место“.

Кај помладите пионери, покрај нашиот тим ќе учествуваат уште и Партизан Водно санс, Дино баскет и МВП Струмица додека во две години повозрасната категорија покрај сино-белиот тим на паркетот во спортскиот центар Ново Лисиче ќе се појават уште Партизан Водно санс, Феникс и Работнички.

Според планот, утре на програмата се полуфиналните пресметки во двете возрасни категории додека в недела се играат финалињата односно средбите за трето место.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page