Постарите пионери на МЗТ Скопје се закитија со бронзениот медал на завршницата од М-14 лигата!

2017 08 Јун

Трет завршен турнир за младинските селекции на МЗТ Скопје Аеродром и трет освоен медал, овој пат со бронзен сјај откако постарите пионери (играчи до 14 години) на нашиот клуб триумфираа во вечерашното мало финале против Вардар (78-74) на завршниот турнир од М-14 лигата на Македонската кошаркарска федерација (МКФ).

Сино-белите прикажаа далеку подобра игра во однос на вчерашното полуфинале во кое загубија од Партизан Водно санс и сосема заслужено дојдоа до место на победничкиот пиедестал. Антонио Софрониевски со 41 поен и девет скока беше најдобриот поединец во нашиот тим, Борјан Димовски постигна 20 поени со девет скока додека Христијан Стојков средбата ја заврши со седум поени и десет скока.

Претходно, селекцијата за играчи до 12 години ја освои шампионската титула како и сениорскиот тим на МЗТ Скопје Аеродром, додека изминатиот викенд јуниорите (играчи до 18 години) исто така дојдоа до бронзата на завршницата одиграна во салата во СРЦ „Кале“.

Со ова дефинитивно заврши сезоната во таборот на „металците“.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page