Шампионот „поразен“ во последната контрола пред вечното дерби со Работнички!

2017 19 Апр

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром „загубија“ во денешниот пријателски натпревар против олстар-екипата на големата група од градинката „Срничка“ - објект „Лале“, што беше нивна последна контрола пред саботното вечно дерби против Работнички, кое ќе се одигра во „Градски парк“ во рамки на 8. коло од Суперлигата.

Избраниците на тренерот Анте Назор дадоа сѐ од себе, но едноставно беа немоќни пред насмевките и детската наивност на членовите на „противничкиот“ тим, кој доминираше на паркетот од првиот до последниот момент. Сино-белите останаа одушевени од техниката на играчите од градинката „Срничка“, од нивната желба да се запознаат со убавината на кошаркарскиот спорт, како и од нивната љубопитност и симпатичните прашања со кои ги бомбардираа во секој момент од возбудливиот натпревар. Присутните истовремено можеа да уживаат во атрактивните потези на гостите од големата група од објектот „Лале“, бидејќи речиси секоја нивна акција завршуваше со забивање во кошот на „металците“.

Членовите на актуелниот шампион одамна не биле така надиграни, поради што на крајот од сѐ срце му честитаа на противникот и побараа заедничка фотографија со своите идни наследници во дресот на МЗТ Скопје Аеродром, што веднаш им беше прифатено од ѕвездите во дресот на градинката „Срничка“. Судиите на овој меч беа во втор план, а двата тима го напуштија теренот со полно срце и со искуства на кои долго време ќе се сеќаваат.

Управата на клубот им се заблагодарува на сите од градинката „Срничка“ - објект „Лале“ за укажаната чест за дружење и за „одмерување на силите“ со олстар-екипата на големата група и за прекрасните моменти минати со дечињата меѓу кои сме сигурни дека во догледно време ќе се појави некој нов Марко Симоновски, Љубомир Младеновски, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Леонид Тодоровски, Андреј Настевски, Андреј Миса...

1 Sinalco Logo.jpg3kozuvcanka logo.jpg4 sport m logo web.jpg5.Adora logo.jpg6. adidas.jpgBauer logo.jpgJsp_turs1.jpgTineks.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpggoldenart logo.jpgsistina logo web.jpgtelekom logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page