Преткадетите на МЗТ Скопје второпласирани на силен меѓународен турнир во Лесковац!

2017 27 Мар

Кошаркарите на возраст до 14 години на МЗТ Скопје Аеродром изминатиов викенд настапија на силен меѓународен турнир во Лесковац (Србија), каде што со две убедливи победи и еден тесен пораз на крајот завршија како второпласирани на конечната табела.

Избраниците на тренерот Митко Маринковски излегоа како победници во пресметките со домашната Актавис Академија (76-55) и Наисус од Ниш (46-31) во средби во кои најдобри беа Тео Војновиќ, Ристе Буклишиев и Христијан Свртинов. Поразот, пак, го претрпевме во дуелот со силниот бугарски состав на Балкан (59-61), кој беше и победник на турнирот.

Второто место е повеќе од солиден успех за преткадетите на МЗТ Скопје Аеродром со оглед што настапија без својот најдобар играч, Рубин Стефанов, кој поради болест не можеше да им помогне на своите соиграчи.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page