Талентите на МЗТ Скопје победија со 56 поени разлика во меч од Третата лига!

2017 20 Мар

Вториот тим на МЗТ Скопје Аеродром дојде до осмата победа во деветиот меч во третата лига, откако викендов на домашен терен го декласираа составот на Кичево со 56 поени разлика (121-65).

Разликата помеѓу двата тима беше огромна, а единствена непознаница беше крајната позитива во корист на „металците“. Петар Прентовиќ со 22 и Бојан Лазаревски со 21 поен беа најпрецизни кај МЗТ Скопје Аеродром, Бојан Јовановски реализира 12, Дамјан Миса 11, а Трсунов, Динев и Џеладини по 10 поени.

Во следното коло нашиот состав ќе му гостува на кумановски Бал фор лајф.

Викендов победи остварија и нашите најмали кошаркари. Екипата за играчи до 12 години го декласира Карпош Соколи (74-22), во меч во кој најдобри беа Тео Војновиќ и Павел Иванов. Две години повозрасните, пак, дојдоа до тешка, но заслужена победа во пресметката со Водно санс (90-87). Најдобри во овој триумф беа Лука Зафировски со 30 и Рубин Стефанов со 21 поени. Во овие две категории МЗТ Скопје Аеродром се уште е непоразен.

МЗТ Скопје Аеродром – Кичево 121-65 (30-14, 28-17, 32-15, 31-19)

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ: Георгиевски 3, Ристовски, Зографски 9, Јовановски 12, Трсунов 10, Марков 5, Прентовиќ 22, Миса 11, Лазаревски 21, Динев 10, Џеладини 10, Тодоровски 8. Тренер: Небојша Ѓуковиќ.

1 Sinalco Logo.jpg3kozuvcanka logo.jpg4 sport m logo web.jpg5.Adora logo.jpg6. adidas.jpgBauer logo.jpgJsp_turs1.jpgTineks.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpggoldenart logo.jpgsistina logo web.jpgtelekom logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page