Убедлив триумф за преткадетите, а победа и пораз за јуниорите на МЗТ Скопје Аеродром

2017 06 Мар

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром на возраст до 14 години остварија убедлива победа на гостувањето кај Ролинг 08 (72-42) што за нашиот тим беше седма победа во исто толку натпревари во групата 3 од ова натпреварување.

Победникот на овој натпревар беше познат уште по првото полувреме, кое „металците“ го добија со огромни 54-19. Кире Николовски со 15, Антониот Софронијевски и Борјан Димовски со по 14 поени беа најпрецизни во составот предводен од тренерот Митко Маринковски додека Адем Адемовиќ реализира осум поени.

Викендов два натпревари одигра првиот јуниорски состав на МЗТ Скопје Аеродром, кој се натпреварува во А4 групата во М-16 лигата во организација на МКФ. Нашите кошаркари прво загубија од Вардар (64-74), а потоа излегоа како победници и тоа како гости во вечното дерби со Работнички со убедливи 74-54.

1 Sinalco Logo.jpg3kozuvcanka logo.jpg4 sport m logo web.jpg5.Adora logo.jpg6. adidas.jpgBauer logo.jpgJsp_turs1.jpgTineks.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpggoldenart logo.jpgsistina logo web.jpgtelekom logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page