Како и на најголемиот број домашни натпревари сезонава и на денешното кошаркарско матине против Крка (12 часот) во соработка со „Цедевита“ ќе организираме наградна игра на полувремето во која тројца најсреќни гледачи ќе се натпреваруваат за првата награда, а тоа е дуксер, шал, капа и ракавици со логото на нашиот спонзор.
За разлика од претходните средби, кога избраните од трибините само шутираа од далечина, овој пат тие ќе се натпреваруваат во брзина и во умешност. Среќните гледачи ќе трчаат најбрзо што можат од едниот до другиот крај на теренот и нивна цел е да постигнат три коша без разлика од која позиција. Најбрзиот ќе ја добие главната награда, а утешни пакети со производи на „Цедевита“ ќе има и за останатите двајца натпреварувачи.
Влезниците за овој натпревар се веќе во продажба, а ќе може да се купат на билетарницата при спортскиот центар „Јане Сандански“, како и онлајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/.