Пионерите на МЗТ Скопје Аеродром ја победија ЦСКА од Москва!

2017 10 Фев

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром на возраст до 13 години денеска остварија огромна победа во дуелот со врсниците од таборот на рускиот гигант ЦСКА Москва (65-62) во меч од 3. коло од турнирот „Иван Андреев“, кој се игра во бугарскиот град Ботевград.

Ова е извонреден успех на избраниците на тренерот Митко Маринковски, остварен со фантастична игра во второто полувреме, откако противникот средбата ја почна со водство со 23-7. Рубин Стефанов со 28 поени беше вистинска енигма за пионерчињата на „црвеноармејците“, а одлична партија прикажа и Ненад Благоевски со 17 поени. Бојан Николовски реализира 10, а Виктор Стојковски застана на седум поени.

Во првите две средби на овој турнир, талентите на нашиот клуб прво го победија составот на Академија Актавис (Србија) со 48-28 во меч во кој најдобри на теренот беа Филип Босилков и Давид Атанасовски додека во вториот дуел загубивме од домаќинот Балкан (59-74).

Вечерва играме со српскиот тим Крис Крос од Панчево, а утре наутро го завршуваме настапот со пресметка со составот на Академија Бултекс 99 од Бугарија.

1 Sinalco Logo.jpg3kozuvcanka logo.jpg4 sport m logo web.jpg5.Adora logo.jpg6. adidas.jpgBauer logo.jpgJsp_turs1.jpgTineks.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpggoldenart logo.jpgsistina logo web.jpgtelekom logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page