Убедливи победи за кадетите и за јуниорите на МЗТ Скопје Аеродром!

2017 30 Јан

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром до 16 и до 18 години забележаа две убедливи победи во заостанатите натпревари од соодветните првенства со што најавија добра пролетна сезона во која ќе атакуваат на највисок пласман.

Кадетите предводени од тренерот Огнен Стојановски со одлична игра во последната четвртина (22-11) го совладаа тимот на ФМП (74-61). Најзаслужни за овој триумф беа Кирил Кочев со 27 поени, Давид Настески со 18 и Дарио Митевски, кој постигна 14 поени. По овој триумф, нашиот тим за играчи до 16 години се искачи на второто место на табелата во групата А1 со скор 5-1 заедно со Партизан Водно санс кој има ист учинок, а веднаш зад лидерот на Феникс (6-0). Наш следен противник во оваа конкуренција е Работнички, екипа која веќе ја совладавме и тоа како гости во првиот дел од шампионатот.

Јуниорите, пак, немаа поголем проблем со екипата на Шкупи (75-57), триумф кој веќе се наѕираше по првото полувреме по кое водевме со плус десет поени разлика (37-27). Тренерот Драган Миленковиќ им даде шанса на сите од клупата, а дури десетмина се запишаа во листата на стрелци. Мартин Трсунов со 18, Андреј Настовски со 15 и Бојан Лазаревски со 11 поени беа најпрецизни во нашиот состав.

И во оваа категорија дојдовме на скор 5-1 и се искачивме на второто место на табелата во групата А1, зад досега непоразениот тим на Работнички кој има пет победи во низа наш следен противник во јуниорската конкуренција е тимот на Вардар.

(кадети) МЗТ Скопје Аеродром – ФМП 74-61 (19-13, 12-19, 21-18, 22-11)

МЗТ Скопје Аеродром: Митевски 14, Лазев, Кочев 27, Петрески, Вановски 4, Стојковски 3, Јанакиевски 8, Милошевски, Настески 18, Насковиќ.

(јуниори) МЗТ Скопје Аеродром – Шкупи 75-57 (22-15, 15-12, 20-13, 18-17)

МЗТ Скопје Аеродром: Настовски 15, Лисичков 7, Марков 2, Ристовски 6, Зографски 5, Јунуз, Трсунов 18, Лазаревски 11 (три тројки), Џеладини 2, Коневски 5, Јовановски 4.

1 Sinalco Logo.jpg3kozuvcanka logo.jpg4 sport m logo web.jpg5.Adora logo.jpg6. adidas.jpgBauer logo.jpgJsp_turs1.jpgTineks.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpggoldenart logo.jpgsistina logo web.jpgtelekom logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page