Испечатете ја страната

Тодоровски и Прентовиќ за петта победа по ред на сино-белите таленти во Третата лига

2016 23 Дек

Вториот состав на МЗТ Скопје Аеродром продолжува со победничката серија во настапите во Третата лига, откако денеска ја забележаа и петтата победа во низа и тоа во пресметката на домашен терен со екипата на Борец Еуробрик (75-64).

Сино-белите таленти дури во второто полувреме го скршија отпорот на цврстиот гостин од Велес, кој ја имаше иницијативата и водството во првите две четвртини. Но, со одлична игра на првотимците Леонид Тодоровски и Петар Прентовиќ, како и со четирите тројки на Трсунов, нашиот тим прави пресврт и на крајот обезбедува убедлива победа.

Тодоровски со 22 поени беше најдобар стрелец кај тимот предводен од Небојша Ѓуковиќ, Прентовиќ реализира 18 поени, Трсунов 14, а Џеладини осум поени. Ова беше заостанат натпревар од 2. коло од третолигашката конкуренција, а до крајот на првиот дел од шампионот ни остана уште гостувањето кај тимот на Кичево.

МЗТ Скопје Аеродром – Борец Еуробрик 75-64 (17-15, 14-22, 21-13, 23-14)

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ: Настовски, Георгиевски 6, А. Јовановски, Б. Јовановски, Трсунов 14, Џеладини 8, Прентовиќ 18, Миса, Лазаревски 2, Ристовски 1, Ацковски 4, Тодоровски 22. Тренер: Небојша Ѓуковиќ.