Урош Лучиќ одново во дресот на МЗТ Скопје Аеродром

2016 31 Јул

По едногодишниот престој во Романија, српскиот кошаркарски интернационалец Урош Лучиќ (33 год., 207 см.) повторно стана дел од МЗТ Скопје Аеродром, откако доцна синоќа ги заврши сите формалности и официјално потпиша договор со актуелниот освојувач на двојната круна во Македонија.

Искусниот крилен центар, кој минатата сезона настапуваше за тимот на ЦСМ Орадеа, се враќа на местото каде што пред нешто повеќе од една година како капитен прв го крена шампионскиот пехар, по триумфот над Куманово во финалната плејоф-серија. Тогаш, тој две сезони настапуваше во сино-белиот дрес, откако во 2013 година дојде во Аеродром од таборот на словенечка Крка.

Лучиќ првите натпревари во сениорска конкуренција ги има одиграно во дресот на Раднички од Белград, а оттогаш има играно уште и за Свилајнац, Слога, Раднички Застава, Ергоном, Здравје, Визура, Златорог, Стеауа и ОКК Београд. Во ризницата трофеи, интернационалецот од Србија има три шампионски трофеи од Словенија, сите освоени со Крка, како и два триумфи во македонското првенство со МЗТ Скопје Аеродром.

Крилниот центар е петтиот кошаркар кој летово потпиша договор со „металците“, по сонародникот Ѓорѓе Дреновац, Холанѓанецот Шарлон Клоф, Американецот Џош Скот и македонскиот репрезентативец Марко Симоновски. Од првотимците под договор, тука уште се и Љубомир Младеновски и Адем Мекиќ, кои во моментов се подготвуваат со македонскиот национален тим за претстојните квалификации за ЕП 2017.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page