Официјализирана петгодишната соработка со СПОРТ М

2016 23 Мар

Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром денеска ја официјализираше соработката со компанијата СПОРТ М и брендот АДИДАС која ќе стартува од сезоната 2016/2017.

„Би сакал да им се заблагодарам на луѓето од Орка Спорт и брендот ’Лининг’ за поддршката која ни ја даваа изминатите години кога ни беше најтешко. Со нов спонзорски договор со ’Адидас’ правиме чекор напред, па во иднина се надеваме на уште подобри резултати. Договорот е со важност од пет години, а како дел од целокупниот заеднички проект планирано е и отворањето на фан шоп на МЗТ Скопје, нешто што ни недостасуваше изминатиот период. Плановите тој Фан шоп да биде отворен на почетокот од мај во склопот на СЦ ’Јане Сандански-изјави извршниот директор на МЗТ Скопје, Видоја Секулоски.

Задоволство од постигнатата соработка има и кај компанијата Спорт М која во изминатите години го помага спортот во Република Македонија.

„Во минатото како компанија сме соработувале со неколку спортски федерации и клубови. Сега потпишуваме со МЗТ и се надеваме на заеднички победи во иднина на секое поле –изјави претставникот на „Спорт М“, Елизабета Бошевска.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page