Испечатете ја страната

Американецот Картер ново име во МЗТ Скопје

2016 28 Јан

Американскиот плејмејкер Чарлс Картер е ново име во редовите на МЗТ Скопје. Картер (22год, 183см) три години настапуваше за универзитетот Омаха од Небраска, за кој што во последната сезона имаше просечен учинок од 16.9 поени и 2.7 асистенци. 

Чарлс Картер во редовите на МЗТ Скопје ќе помине пробен период по кој што актуелниот шампион ќе одлучи дали ќе го задржи овој американски плејмејкер до крајот на сезоната, за настапите во домашниот кошаркарски шампионат.