Испечатете ја страната

Официјално: Урош Луковиќ нов член на МЗТ Скопје

2015 15 Дек

Српскиот интернационалец Урош Луковиќ е ново засилување за актуелниот македонскиот кошаркарски шампион. Луковиќ (26г, 213см) кој настапува на центарската позиција и се очекува да биде од голема помош на Душко Буниќ и Љубомир Младеновски во играта под обрачите за тимот на МЗТ Скопје со кој потпиша договор до крајот на сезоната.

Во својата кариера Урош Луковиќ има настапувано за Торлак, ФМП, Сарагоса, Тарту Кожув, а најголем дел помина во КК Куманово од каде што и доаѓа во МЗТ Скопје. Оваа сезона при настапите за Куманово, Луковиќ забележа учинок од 24.1 поен и 12.6 скока во домашниот шампионат, односно 18.3 поени и 9.7 скока во Фиба Еврокупот.

Се очекува првиот меч на Урош Луковиќ за МЗТ Скопје да биде на гостувањето во Ваљево, каде што Металац го пречекува МЗТ Скопје во сабота со почеток од 17.00ч.