Испечатете ја страната

Алеш Пипан не е веќе тренер на МЗТ Скопје

2015 07 Дек

КК МЗТ Скопје Аеродром информира дека на взаемна согласност е прекината соработката со досегашниот тренер на тимот Алеш Пипан. Словенецот го предводеше македонскиот шампион до две титули државен првак, една титула во Купот на Македонија, а на почетокот од оваа сезона го освои и Супер Купот.

КК МЗТ Скопје на Алеш Пипан му посакува многу успех во понатамошната тренерска кариера.