Испечатете ја страната

Немања Протиќ ново име во МЗТ Скопје.

2015 02 Сеп

КК МЗТ Скопје Аеродром потпиша договор со српскиот интернационалец Немања Протиќ со кој што ја засилува плејмејкерската позиција. Протиќ (182см, 29г) во текот на својата кариера има настапувано за повеќе клубови, а меѓу нив: Борац Чачак, ФМП, Олденбург, Химик, Нижни Новогород, Олин Едирне, Левски  и Будучност.  Минатата сезона Немања Протиќ ја помина во тимот на Металац од Ваљево, за кој што одигра 16 меча во АБА лигата со просек од 7.4 поени и 2.2 асистенции по натпревар, односно 9 натпревари во српскиот шампионат со просек од 9.2 поени и 2.4 асистенции.