Испечатете ја страната

Данило Мијатовиќ ново засилување за МЗТ Скопје

2015 21 Мар

Српскиот интернационалец Данило Мијатовиќ е нов член на македонскиот кошаркарски првак, МЗТ Скопје Аеродром. Мијатовиќ (206см, 31г) е искусен кошаркар кој игра на позицијата крилен центар/центар која во моментов е најдефицитарна во ростерот на МЗТ Скопје. Данило Мијатовиќ во својата кариера има настапувано за Врбас, Војводина, Спартак, Раднички, Анвил, додека оваа сезона оваа играше за Тимба Тимисоара во романското кошаркарско првенство од каде што доаѓа во МЗТ Скопје.

Ангажманот на Данило Мијатовиќ  во редовите на МЗТ Скопје доаѓа по спогодбениот раскин на договор со канаѓанецот Овен Класен, кој поради повреда ќе мора да паузира подолг период.