Дион Диксон го напушти МЗТ Скопје

2015 27 Фев

Американскиот интернационалец Дион Диксон веќе не е дел од македонскиот кошаркарски шампион. Диксон дојде во редовите на МЗТ Скопје кон крајот на октомври минатата година и настапуваше во домашниот шампионат и АБА лигата. Во 17-те натпревари во АБА лигата Диксон имаше просек од 8.6 поени по натпревар, додека во домашниот шампионат одигра 9 меча со просек од 11 поени.


КК МЗТ Скопје Аеродром се заблагодарува на Дион Диксон за своите настапи во дресот на МЗТ Скопје и му посакува многу успех во понатамошната кариера.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page