Испечатете ја страната

Боби Митев не е веќе тренер на МЗТ Скопје

2015 05 Јан

КК МЗТ Скопје Аеродром информира дека е прифатена понудената оставка на тренерот Боби Митев и тој веќе нема да го предводи македонскиот кошаркарски шампион. МЗТ Скопје Аеродром му се заблагодарува на тренерот Митев за вложениот труд во периодот додека беше помошен и прв тренер на тимот, и му посакува многу успех во понатамошната кариера.

Во наредниот тимот ќе биде предводен од Александар Јончевски.