МЗТ Скопје Аеродром обезбеди големо засилување - „Млекара Ѓоргиеви“!

2019 13 Ное

Актуелниот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје Аеродром, доби големо засилување во спонзорскиот тим, откако беше потпишан договор со „Млекара Ѓоргиеви“ од Радовиш, чие лого веќе извесен период може да се забележи на нашите дресови, како и на рекламните банери крај теренот во салата „Јане Сандански“.

Станува збор една од најбрзо растечките млечни индустрии во државата, која наскоро ќе прослави една деценија од почетокот со работа на компанијата. „Млекара Ѓоргиеви“ е основана во 2010 година од Драги Ѓоргиев на локацијата на поранешен Кооперант. Извршено е комплетно реновирање, осовремување и стандардизирање на погонот за преработка и производство на млеко и млечни производи.

Новоформираната млекара почнува со преработка на 300 литри млеко на ден, за денеска истата ставка да се зголеми на просечни 15.000 литри дневно, притоа зголемувајќи го фондот на производи. Нивната палета производи, во која меѓу другото влегуваат високо квалитетнио крајво, овчо, козјо, како и мешано и биено сирење, кравји, козји, овчи и мешан кашкавал и урда, може да се најде и купи во сите подобро снабдени маркети во Македонија.

„Млекара Ѓоргеви“ е познат и докажан пријател на спортот, што само се потврдува со договорот за соработка со нашиот клуб. Нивната општествена одговорност и желба да се помогне на екипи кои го претставуваат нивниот регион, а сега и државата на меѓународен план, треба да биде пример на останатите компании да тргнат по нивните стапки. Само со симбиоза на успешните стопанственици и врвните спортски колективи може да се надеваме на развој на македонскиот спорт во целост.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page