Испечатете ја страната

Двата графити на „Фемили“ ќе бидат вратени во првобитна состојба!

2019 10 Јун

Реконструкцијата на ѕидовите на градинката „Изворче“ во Стар Аеродром е единствената причина поради која се избришани графитите на нашата навивачка група „Фемили“ и тоа во најкусо време ќе бидат вратени во првобитна состојба.

Веднаш по реакциите на нашите фанови, луѓе на МЗТ Скопје Аеродром стапија во контакт со одговорните во општината каде што добивме уверување дека желбата за здрава средина за нашите деца е причината поради која морало да има градежни работи токму на ѕидовите на кои беа графитите. Појавената влага и лошата миризба морала веднаш да биде отстранета на ваков начин, со цел дечињата да имаат најдобри можни услови во градинката.

Луѓето од општината истовремено ни гарантираа дека графитите, преку кои нашите навивачи ја искажуваат љубовта кон МЗТ Скопје Аеродром, ќе бидат обновени најбрзо што се може.