Крај на финалето: Не успеавме да направиме рибрејк во „Градски парк“!

2018 25 Мај

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром не ја одбранија шампионската титула, откако не успеаја да дојдат до рибрејк на вечерашното гостување кај Работнички (84-87).

Противникот со 3-0 ја доби финалната серија и по девет сушни години стана шампион на Македонија. Нашите момци одиграа храбро, цели 32 минути ја диктираа играта и резултатот, но повторно малку им фалеше за да го совладаат големиот противник. Мечот го почнавме одлично со 15-2, а во втората четвртина имавме и плус 14 (36-22).

Но, како и на претходните средби, попуштивме во второто полувреме, особено во последниот период во кој центарци со серија 7-0 на стартот првпат дојдоа до водство кое го задржаа до крајот.

Андрија Бојиќ со 17 поени беше најпрецизен кај МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски реализира 16, а Јуре Лалиќ 15 поени.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page