МЗТ Скопје Аеродром денеска го прославува 52. роденден!

2018 09 Мар

Во пресрет на задутрешниот меч против Морнар во Бар, последниот меч сезонава во АБА-лигата, екипата на МЗТ Скопје Аеродром денеска го прославува својот 52. роденден како актуелен шампион и освојувач на Купот на Македонија.

Кошаркарскиот клуб Скопје е формиран на 9 март 1966 година од страна на група ентузијасти предводени од првиот претседател Миле Меловски. Првите чекори се направени на асфалтното игралиште во населбата Автокоманда, каде што веднаш се зачлениле завиден број младинци. За само две години, новиот тим стана член на тогашната Македонска лига во склоп на СФРЈ, а во периодот помеѓу 1970 и 1974 година беше шампион во оваа конкуренција добивајќи право за настап во квалификациите за Втората југословенска лига.

Првиот излез на голема сцена се случи во 1974 година, кога КК Скопје доби право да настапува во Втора лига – Југ. Следуваа добри настапи, па дури и можност да се стигне во Првата лига на СФРЈ која во тоа време беше меѓу најдобрите во Европа, која за жал не беше искористена. Следуваше преселба во републички ранг, па враќање на второлигашката сцена во 1979 година, што беше уште еден доказ за квалитетниот раст на колективот, кој веќе стана примамлив и за спонзорите.

Современиот дел од епизодата на клубот почнува во 1984 година кога тогашниот стопанствен гигант „Металски завод Тито“ целосно ја презеде грижата на клубот. На клупата седна легендарниот Лазар Лечиќ, кој со помош на Александар Књазев по само две години го внесе клубот во Првата лига и друштвото на најдобрите во Југославија каде што се остана две сезони.

Со осамостојувањето на Македонија, нашиот клуб од првиот момент се етаблира како еден од најдобрите, епитет кој го задржи и надгради до ден денеска. МЗТ Скопје Аеродром сега може да се пофали со шест шампионски титули (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017), девет трофеи во Купот на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016 и 2018) како и три во Суперкупот (2004, 2015 и 2016), но и со илјадници репрезентативци во сите возрасни категории. МЗТ Скопје Аеродром изминативе шест сезони е редовен учесник во регионалната АБА-лига со најдобрите клубови на просторот на поранешна СФРЈ.

Еден од главните двигатели на нашиот клуб е и армијата навивачи и симпатизери, која низ годините даваше драгоцена помош кога ни беше најпотребна, како што беше случајот со „Маршот за спас на МЗТ“ во 2009 година без кој и нашата историја дефинитивно би била поинаква и посиромашна.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page