Сино-белата чета убедлива во пресметката со Куманово

Сино-белата чета убедлива во пресметката со Куманово

2018 09 Фев

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го совладаа Куманово (87-74) во вечерашната пресметка на домашен терен во склоп на 16. коло од Првата лига, каде што дојдовме до скор 12-4.

Изедначеност во натпреварот имаше само во првата четвртина, а првата посериозна предност нашиот тим ја обезбеди во финишот од вториот период, кога со серија 12-2 дојдовме до позитива од плус 13 поени (51-38). Во сличен стил продолживме во продолжението, а речиси на идентичен начин, пред крајот на третите десет минути, со серија 15-2 дојдовме до највисоката предност од 21 поен (76-55), што беше доволно да се осигураат бодовите.

Американецот Џордон Крафорд беше најдобриот поединец во нашиот тим со учинок од 21 поен и девет асистенции, додека зад него беа Бојан Трајковски и Дамјан Стојановски со 16 односно 15 поени. Повеќе од солиден беше и Радослав Спасојевиќ со 12 поени.

Нашиот тим на овој меч настапи без повредените Марко Симоновски, Ѓорѓе Мајсторовиќ и Јордан Минчев. Екипата веќе утре тргнува кон Подгорица, каде што в недела ќе ги одмериме силите со Будуќност во меч од АБА-лигата.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page