Мајсторовиќ опериран, ја пропушта завршницата од Купот на Македонија!

2018 08 Фев

Центарот на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓе Мајсторовиќ, ќе биде надвор од тренажниот процес во следните десетина дена, откако вчера успешно му беше извршена операција на скршениот нос, повреда која ја доби уште во првата четвртина на неодамнешното гостување кај Блокотехна.

Ова носи дополнителен проблем за тренерот Жељко Лукајиќ, особено пред завршниот турнир од Купот на Македонија (16-18 февруари), со оглед и на повредата на Марко Симоновски, кој подолг период е надвор од стројот. Лекарскиот тим на клубот прави сѐ за да ја забрза рехабилитацијата на Мајсторовиќ, но речиси сигурно е дека ќе ги пропушти средбите во Кавадарци каде што ќе биде доделен првиот пехар сезонава.

До средбата со Фени индустри (16 февруари) во четврт-финалето од Купот, сино-белите на програмата имаат уште два меча и тоа утре, на домашен терен против Куманово (18 часот) и в недела на гости кај Будуќност.

Пресметката со кумановци ќе се одигра во малата сала „Јане Сандански“, а билетите се веќе во продажба по цена од 50 денари и може да се купат пред спортскиот центар во населба Аеродром или онлајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page