Дуелот против Пелистер можност за поголема минутажа за талентите на МЗТ Скопје Аеродром!

2018 10 Јан

Актуелниот македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва, на домашен терен, ќе го одигра заостанатиот натпревар од 11. коло од Првата лига против Пелистер (18 часот), прв на домашна сцена во 2018 година.

Сино-белите во оваа пресметка влегуваат како голем фаворит, поради што се очекува поголема минутажа да добијат помладите во тимот, меѓу кои ќе се најдат и Андреј Настевски и Леонид Тодоровски. Двајцата веќе настапија на средбата против АВ Охрид, а се очекува и вечерва да добијат шанса да го покажат својот талент, секако заедно со Андреј Маслинко, кој има минутажа и на средбите од АБА-лигата. Ова воедно е последен дуел од првата фаза од шампионатот, по кој, со евентуален триумф, избраниците на тренерот Жељко Лукајиќ ќе се најдат на третата позиција на табелата.

Влезот за овој меч ќе биде БЕСПЛАТЕН, како еден вид новогодишна и божикна честитка за нашите навивачи, симпатизери, како и за сите останати кошаркарски вљубеници кај нас.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page