Бесплатен влез за утрешниот меч против Пелистер!

2018 09 Јан

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром утре, на домашен терен во големата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“, ќе ги одмерат силите со Пелистер (18 часот) во заостанатиот натпревар од 11. коло од Првата лига.

Двата клуба договорија промена на домаќинството, што значи дека сино-белите наместо сега во Битола ќе гостуваат во вториот дел од првенството. Ова воедно е последен дуел од првата фаза од шампионатот, по кој, со евентуален триумф, избраниците на тренерот Жељко Лукајиќ ќе се најдат на третата позиција на табелата.

Влезот за овој меч ќе биде БЕСПЛАТЕН, како еден вид новогодишна и божикна честитка за нашите навивачи, симпатизери, како и за сите останати кошаркарски вљубеници кај нас.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page