МЗТ Скопје лесно го совлада Кожув како загревање пред гостувањето кај Партизан!

2017 12 Дек

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја забележаа шестата победа сезонава во домашниот шампионат, откако вечерва без никакви проблеми, лесно и убедливо, славеа на гостувањето кај Кожув со 80-52 во последниот меч од 9. коло од Првата лига.

Тоа, воедно, беше и прв триумф на новиот тренер Жељко Лукајиќ, како своевидно загревање пред исклучително важното гостување кај Партизан следниот викенд во склоп на АБА-лигата. Сино-белите веднаш го наметнаа својот ритам и веќе по првата четвртина имаа двоцифрена предност, по што следуваше постепено зголемување на позитива сѐ до највисоките плус 36 (74-38) во 34. минута од средбата.

Лукајиќ рамномерно ја распореди минутажата на сите 11 играчи кои му беа на располагање, а меѓу кои го немаше само Бојан Трајковски кој доби поштеда поради проблемите со препоните. Сите се запишаа во листата на стрелците, а Јуре Лалиќ со 14 поени и осум скока беше најпрецизен во МЗТ Скопје Аеродром, каде што двоцифрен поентерски ефект имаа уште и Марко Симоновски и Ѓорѓе Марјановиќ со по 10 поени.

На овој меч нашиот тим имаше поддршка од трибините и тоа од педесетина припадници на навивачката група „Фемили“, кои дојдоа во гевгелија да им помогнат на кошаркарите во сино-бела опрема.

Аеродромци сега се на третата позиција на табелата во кошаркарската елита со скор 6-3.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page