Пораз во вечното дерби кое го игравме за помош на Гешо!

Пораз во вечното дерби кое го игравме за помош на Гешо!

2017 06 Дек

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром загубија во денешната пресметка на домашен терен против Работнички (71-76) во последниот меч од 8. коло од Првата лига.

За „металците“ ова е трет несупех на домашна сцена, по поразите од Карпош Соколи и од Блокотехна. Клучна за неуспехот беше последната четвртина, во која одигравме полошо во нападот. Противникот го искористи тоа и со серија 11-0 направи резултатски пресврт и оствари позитива (65-61) која ја задржа до самиот крај.

Дамјан Стојановски со 19 и Марко Симоновски со 18 поени беа единствените со двоцифрен поентерски учинок во нашиот тим.

Многу време за одмор нема, со оглед што веќе в недела нѐ очекува исклучително важен меч во борбата за опстанок во АБА-лигата, на домашен терен против Морнар.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page