МЗТ Скопје вечерва домаќин на Гостивар во малата сала во „Јане Сандански“

2017 14 Ное

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе го пречекаат тимот на Гостивар (19 часот) во малата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“ во последниот меч од 6. коло од Првата лига.

Сино-белите овој натпревар ќе го искористат за враќање на победничките патеки по несреќниот пораз на завчерашниот дуел против Петрол Олимпија на теренот на противникот. Истовремено, ова ќе биде одлична шанса за тренерот Александар Тодоров за воигрување на новите играчи во пресрет на следната пресметка од регионалното натпреварување, в недела на домашен терен против Будуќност.

Гостивар е нов член на кошаркарската елита, но со досегашните игри покажа дека никако не смее да биде потценет. Тренерот Марјан Србиновски на располагање има микс на искусни и талентирани играчи, кои мора сериозно да бидат сфатени и против кои мора да се одигра максимално одговорно и ангажирано.

Билетите за овој натпревар веќе се во продажба по цена од 100 денари. Засега нема најави за телевизиски или интернет пренос од дуелот во малата сама во комплексот „Јане Сандански“.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page