Испечатете ја страната

Србинот Мајсторовиќ е нов член на МЗТ Скопје Аеродром

2017 06 Ное

Српскиот интернационалец, Ѓорѓе Мајсторовиќ (27 год, 208 см.) во иднина ќе настапува во дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска беа завршени сите формалности околу потпишувањето на договорот, кој е со важност до крајот на сезоната.

Станува збор за кошаркар кој игра на позициите силно крило и центар и кој ќе им биде од помош на нашите останати високи играчи во борбата под кошевите. Мајсторовиќ, кој има повеќе од солидно искуство во настапите во АБА-лигата, минатата сезона настапуваше за белградски Партизан. Претходно, тој има играно и за екипите на Смедерево, Хелиос и за Металац од Ваљево.

Новиот член на МЗТ Скопје Аеродром има и настапи за репрезентацијата на Србија и тоа на Универзијадата во Казањ во 2013 и на Медитеранските игри во Мерсин истата година.