Одбраната на титулата ја почнуваме вечерва против Карпош Соколи!

2017 12 Окт

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва ја почнуваат сезоната во Прва лига и тоа истиот противник против кој во месец мај дојдоа до шестата шампиоснак титула – Карпош Соколи (18 часот).

Ждрепката за домашното првенство сакаше уште на отворањето да дојде до реприза на финалната плејоф-пресметка, во која сино-белите излегоа подобри со резултат 3-2 во победи. Тренерот Александар Тодоров на располагање ги има сите кошаркари, освен подолго време повредениот Марко Симоновски, а желбата на сите во тимот е да се прикаже допадлива игра и нормално да се победи големиот ривал.

Овој меч воедно ќе биде искористен и како генерална проба пред следната пресметка во АБА-лигата, следниот понеделник на гостински терен против Игокеа на кој „металците“ ќе се обидат да го поправат впечатокот оставен по несреќниот пораз во претходната јадранска рунда дома против Задар.

Воедно, вечерва нашиот тим за првпат ќе одигра натпревар според новото правило во македонската кошарка, а тоа е имањето два домашни играчи во секое време на терен. Тоа и не би требало да биде голем проблем за Тодоров, кој сезонава формира состав во кој доминираат македонски кошаркари, меѓу кои има дури петмина кои се стандардни во ротацијата која стручниот штаб ја користи на средбите од АБА-лигата.

Судии на средбата се Александар Милојевиќ, Александар Павлов и Боро Антовски, а делегат е Зоран Николовски. Најавен е директен пренос на собранискиот канал на Македонската телевизија (МТВ).

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page