МЗТ Скопје Аеродром договори обнова на соработката со Луре Лалиќ

2017 09 Сеп

Хрватскиот центар Јуре Лалиќ и следната сезона ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако договори продолжување на соработката со екипата од „Јане Сандански“.

Станува збор за искусен центар кој повеќе од солидно ја одработе минатата сезона во сино-белиот дрес во кој дојде и до шампионската титула во домашното првенство. Лалиќ во својата кариера има настапувано и за Задар, Цибона, Крка, Унион Олимпија, бугарски Лукоил, полски Стелмет и белгиски Шарлоа.

Борбеноста и пожртвуваноста се најголеми адути во играта на високиот Хрват, за што говори и фактот што дури двапати доби скршеница на носот во текот на минатата сезона играјќи за МЗТ Скопје Аеродром. Во АБА-лигата настапи на 23 средби со просек од 10,7 поени и 4,8 скока. Најдобра партија му беше на гостувањето кај Карпош Соколи кога постигна 22 поени, а одличен беше и против Задар на теренот на противникот со учинок од 19 поени и 12 скока. Лалиќ беше и еден од клучните фактори во освојувањето на шестата шампионска круна за аеродромци.

Тој денеска треба да пристигне во Скопје, а во понеделник да ги мине задолжителните лекарски прегледи по што ќе може да му се стави на располагање на тренерот Александар Тодоров. Ако сѐ биде како што треба, Лалиќ ќе биде во составот на „,металците“ на претстојната мини-турнеја во Бугарија и Романија каде што ќе одиграме средби против Левски, Лукоил Академик и двапати против Крајова.

1 Sinalco Logo.jpg3kozuvcanka logo.jpg4 sport m logo web.jpg5.Adora logo.jpg6. adidas.jpgBauer logo.jpgJsp_turs1.jpgTineks.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpggoldenart logo.jpgsistina logo web.jpgtelekom logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page