МЗТ Скопје и официјално ги почна подготовките за новата сезона

2017 22 Авг

Под раководство на новиот тренер Александар Тодоров, екипата на МЗТ Скопје Аеродром вечерва ги почна подготовките за новата сезона, во која ќе го брани тронот и воедно ќе ја брка седмата по ред титула шампион на Македонија.

На првиот тренинг беше само еден странец, Американецот Ерик Гарсија, додека неговите сонародници Даниел Џенсен и Брет Бејли треба вечерва да пристигнат во Скопје, а од утре дека почнат да тренираат. Тодоров уште од самиот почеток наметна силен ритам за собирање на енергијата која и тоа како ќе им биде потребна на неговите избраниците пред дуелите во сезонава исклучително силната АБА-лига, но и во двете домашни натпреварувања каде што и конкуренцијата повеќе од солидно се засили.

„Се уште не сме комплетни, но во кусо време очекувам да ја пополниме и последната празнина и тоа на центарската позиција. Би сакал да бидеме во полн состав пред одигрувањето на пријателските средби за да имаме доволно време за воигрување пред првиот меч од АБА-лигата против Партизан. Задоволен сум од тимот со кој располагам, дојдовме до играчите кои ги сакавме, а единствено изненадување беше заминувањето на Младеновски, што беше само поради неговата желба да се проба во странство“, изјави тренерот Тодоров.

Американецот Гарсија, пак, уште од самиот почеток најави голема борба за секоја топка и атака на победа на секој натпревар кој аеродромци ќе го одиграат сезонава.

„Ми се доаѓа тоа што досега во видов во Македонија, а презадоволен сум од приемот во МЗТ Скопје и од начинот кој засега сум третиран од сите во клубот. Искрено, не знаев речиси ништо за државата пред да дојдам, освен сликите што ги гледав на интернет откако потпишав договор. Изминатиов период го минав во гледање натпревари на екипите против кои ќе играме, пред се во АБА-лигата, која е навистина квалитетна со многу одлични игра во неа. Секој натпревар ќе биде голема борба, поради што мора напорно да го одработиме периодов за да бидеме подготвени за предизвикот кој е пред нас. Сакам да победувам и верувам дека ќе имам многу шанси за тоа во дресот на МЗТ Скопје“, вели Гарсија.

Во претпознатливиот сино-бел дрес вечерва можеше да се види и Дамјан Стојановски, кој се врати по едногодишно отсуство од таборот на шампионот.

„За нас е најважно добро физички да се подготвиме во следниот период, бидејќи нѐ голем број тешки натпревари кои ќе мора да ги издржиме. Сите се засилуваат и во АБА-лигата и во домашното првенство, кои сметам дека ќе бидат на повисоко ниво во однос на претходната сезона. Доволно сум подготвен да ги издржан подготовките, што ме радува по долгата пауза која ја имав. Верувам дека сѐ ќе биде како што треба“, прокоментира Стојановски.

Голема енергија на првиот трениг даваа и новоангажираните младинци, Ранко Мамузиќ, Михајло Митев и Андреј Маслинко, но и староседелците Дамјан Миса, Леонид Тодоровски, Андреј Настевски и Петар Прентовиќ, кои втора сезона по ред се дел од сениорскиот состав на шампионот. Обврските без никаков проблем ги извршуваа и Бојан Трајковски, Адем Мекиќ и Бобан Стајиќ додека на клупата беше и повредениот Марко Симоновски, кој поради скршеница ќе биде три месеци надвор од тренажниот процес.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page