Амбициите на МЗТ Скопје Аеродром и за следната сезона ќе бидат – ШАМПИОНСКИ!

2017 18 Јун

Ангажманот на првиот тренер кој ја донесе титулата, Александар Тодоров, како и враќањето на поранешниот капитен и македонски репрезентативец, Дамјан Стојановски, се најдобра потврда дека амбициите на МЗТ Скопје Аеродром за следната сезона ќе бидат – ШАМПИОНСКИ.

Без разлика што се планира костурот на тимот да биде составен од македонски играчи, очекувањата на управата на клубот остануваат идентични како и во изминативе години, а тоа е освојување на двата трофеја на домашната сцена како и забележителен настап во АБА-лигата. Сѐ помалку од ова ќе се смета за неуспех, првенствено во делот на (не) продолжување на доминацијата во првенството каде што „металците“ се шесткратни прваци по ред.

За остварување на оваа цел, додека другите размислуваат на летниот одбор, во сино-белиот табор деноноќно се работи во делот на обезбедување на условите потребни за работа како и за формирање тим кој ќе може да продолжи да чекори по досегашната патека на успесите. Тренерот Тодоров покрај Стојановски во моментов на располагање има уште двајца репрезентативци, Марко Симоновски и Адем Мекиќ како и одличниот американски бек, Ксавиер Темс. Во фокусот за пополнување на ростерот се буквално сите македонски играчи кои се на пазарот, а дури потоа, кога ќе се оформи домашниот дел од тимот ќе се размислува на странски засилувања.

МЗТ Скопје Аеродром во сезоната што претстои ќе се соочи со сериозен предвизик во исклучително силната АБА-лига со само 12 екипи во која речиси и да нема слаб ривал. Поради тоа, но и поради одлуката на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) за задолжително играње во домашниот шампионат од самиот почеток, управата на клубот реши да не се пријави во ниту едно друго европско натпреварување и покрај отворените можности за пријавување во Еврокупот на УЛЕБ како и во Лигата на шампионите на ФИБА.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page