Дамјан Стојановски одново во дресот на МЗТ Скопје Аеродром

2017 15 Јун

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Дамјан Стојановски од денеска повторно е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако вечерва ги заврши сите формалности околу потпишувањето на новиот едногодишен договор со шесткратниот првак.

Ова всушност е и продолжување на неговиот престој во сино-белиот табор по едногодишната пауза, која 29-годишниот бек беше приморан да ја направи по повредата на лигаментите на десното колено за време на репрезентативните настапи во ланските квалификации за ЕП 2017. Претходно, уште од 2012 година, Стојановски беше член на „металците“ со кои дојде до четири шампионски титули (2013-2016) како и пет пехари во Купот на Македонија.

Дамјан сега е третиот член на националната селекција на Македонија во дресот на МЗТ Скопје Аеродром за следната сезона, по Марко Симоновски и Адем Мекиќ, а договорна обврска со нашиот клуб во моментов има и Американецот Ксавиер Темс. Од денеска нов тренер на екипата е Александар Тодоров, човекот кој пред шест години ја донесе првата титула во „Јане Сандански“.

1 Sinalco Logo.jpg3kozuvcanka logo.jpg4 sport m logo web.jpg5.Adora logo.jpg6. adidas.jpgBauer logo.jpgJsp_turs1.jpgTineks.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpggoldenart logo.jpgsistina logo web.jpgtelekom logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page