Десетта по ред победа над Кожув за седум од седум во Суперлигата!

2017 13 Апр

Седми меч и седма победа за кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во Суперлигата, остварена на вечерашниот дуел на домашен терен против Кожув (79-75) одигран во малата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје. Ова беше трет триумф над овој противник сезонава (два во Суперлигата и еден во Купот на Македонија), а десетти по ред во изминативе две ипол години

Сино-белите далеку потешко од очекувањата дојдоа до бодовите, а гевгеличани уште еднаш се покажаа како крајно незгоден ривал. Избраниците на тренерот Анте Назор во текот на сите 40 минути ја имаа иницијативата, но гостите постојано беа на достижна негатива. Поради тоа се влезе и во пенал-завршница, во која нашите кошаркари искусно го издржаа налетот на противникот и заслужено останаа единствениот непоразен тим досега во суперлигашкото натпреварување.

Марко Симоновски и Ксавиер Темс со по 15 поени беа најефикасни во нашиот тим, постигнувајќи заедно осум тројки (пет со три). Ѓорѓе Дреновац застана на 14, Шарлон Клоф постигна 10 поени, а Стојан Ѓуроски одново одигра солидно реализирајќи девет поени.

Кошаркарите од утре се на велигденски одмор како награда за добрите игри во изминатиов период во домашното првенство, а веќе од вторник почнува „Операцијата Работнички“ односно подготовката за дуелот против вечниот ривал, кој нѐ очекува следниот викенд.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page