Назор: Само со максимална борбеност и агресивност ќе може да го победиме Карпош Соколи!

2017 01 Апр

Четвртото коло од Суперлигата ни носи дуел со дефинитивно најголемиот противник за одбрана на шампионската титула, екипата на Карпош Соколи, чиј гостин ќе бидеме вечерва во салата „Борис Трајковски“ во меч кој почнува во 18 часот со директен пренос на каналите на Македонската телевизија (МТВ).

За МЗТ Скопје Аеродром ова ќе биде четврти меѓусебен дуел со „соколите“ од Карпош со досегашен скор 2-1 за нашиот клуб, откако секој од тимовите славеше на свој терен. Избраниците на тренерот Анте Назор вечерва ќе пробаат први да направат „брејк“ во овие дерби средби, кој ширум би им ги отворил вратите кон првото место на табелата пред плејофот. Стефан Синовец и Душан Катниќ поради повреди нема да бидат во составот, но сите останати се решени да дадат сѐ од себе за да биде освоени драгоцените бодови.

Фактот што двете екипи сѐ уште се без пораз во Суперлигата доволно говори за важноста на вечерашното дерби. Карпош Соколи е исклучително квалитетна екипа, што се потврдува со фактот што го освоија пехарот во Купот на Македонија и имаа одлична сезона во АБА-лигата. Противникот има одличен ростер, добра хемија и тактички одлично одговара на секој предизвик.

Ако сакаме да го спречиме налетот на ’соколите’ ќе мора да бидеме на горната граница на агресивноста во текот на сите 40 минути, бидејќи против себе имаме поливалентни кошаркари кои можат да играат на повеќе позиции. Ќе мора да бидеме добро скокачки расположени, да го исконтролираме рекетот, а секако е најважно да го диктираме ритамот. Контролата мора да биде наша и со максимална борбеност и фокусираност да пробаме да дојдеме до посакуваната цел, а тоа е победа во дербито во ’Борис Трајковски’“, вели тренерот Назор.

Судии на средбата се Петар Денковски, Игор Митровски и Зоран Митровски, додека делегат е Зоран Николовски.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page