Данило Мијатовиќ ќе дебитира на утрешното дерби против Работнички

2017 24 Мар

Српскиот кошаркарски интернационалец Данило Мијатовиќ (33 год., 205 см.) од денеска и официјално е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако Македонската кошаркарска федерација (МКФ) ја потврди неговата регистрација на нашиот клуб.

Искусниот крилен центар пред истекот на преодниот рок беше ставен на пријавната листа на македонскиот шампион, но со заддршка дека неговиот трансфер би бил потврден само ако добие статус на слободен играч, што и се случи во четвртокот. Со неговиот ангажман ќе се пополни празнината во играта под кошевите по заминувањето на Даниел Кларк и на Џош Скот, а тренерот Анте Назор ќе добие уште еден квалитетен висок кошаркар, кој ќе им биде од голема помош на Јуре Лалиќ и на Љубомир Младеновски.

Мијатовиќ воедно се враќа во добро позната средина, каде што првпат дојде во март 2015 година и каде што настапуваше до крајот на минатата сезона. Неговото второ деби во сино-белиот дрес ќе се случи на вечното дерби против Работнички, кое е закажано за утревечер во салата „Јане Сандански“ со почеток во 18 часот.

Билетите за овој секогаш суперинтересен натпревар се веќе во продажба и тоа по цена од 100 (сто) денари, а ќе може да се купат на билетарницата при спортскиот центар „Јане Сандански“, како и онлајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page