Градското дерби за МЗТ Скопје

2016 05 Апр

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром успеаа да го совладаат составот на Работнички со резултат 81-71 во градското дерби кое се одигра вечерва во СЦ Јане Сандански.  Гостинските кошаркари доста мотивирано влегоа во овој дуел, со голема борбеност и прецизност во ударите од далечина,  Работнички успеа да создаде предност од 13 поени на крајот на првата четвртина, додека на полувреме таа предност изнесуваше 7 поени (34-41).
Второто полувреме започна со серија на МЗТ Скопје од 9-0 со која успеа да го врати водството, меѓутоа тоа траеше сосема кратко затоа што гостите со своја мини серија успеаа повторно резултатски да се одвојат па предноста која ја имаа на полувремето остана непроменета и пред почетокот на последниот период. 

Избраниците на тренерот Александар Јончевски конечно заиграа добро во последната четвртина од мечот, кога со гранитна одбрана и балансиран напад успеаа да го скршат отпорот на тимот на Работнички. МЗТ Скопје го доби периодот со резултат 27-10, а крајниот резултат гласеше 81-71 шти означи 22-ра победа во 24-тиот натпревар во домашниот шампионат.

Тројца играчи на МЗТ Скопје беа со двоцифрен поентерски учинок. Ѓорѓе Дреновац беше прв стрелец со 24 поени и 8 скока, Дамјан Стојановски постигна 17 поени, додека Марко Луковиќ беше стрелец на 16 поени надополнети со 12 скока.

Кај Работнички, Миарковски и Чековски постигнаа 23, односно 20 поени.

МЗТ Скопје својот следен меч ќе го игра во Гевгелија каде за противник го има домаќинот Кожув. Мечот е закажан за сабота (09.04.2016) со почеток од 19.00ч.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page