МЗТ Скопје лесно на гостувањето во Струмица

2016 02 Апр

Кошаркарите на МЗТ Скопје со победа се враќаат од гостувањето во Струмица, откако вечерва го совладаа домашниот состав со резултат 66-79.  МЗТ Скопје уште од самиот старт наметна свое темпо и многу брзо создаде двоцифрена предност, која на полувремето изнесуваше 22 поени разлика.  Во вториот дел домашните успеаа да ја намалат предноста за конечни 66-79. 

Со вечерашната победа тимот на МЗТ Скопје е со скор од 21 победа и 2 порази, па со евентуален триумф во следното коло против Работнички ќе ја осигура првата позиција пред стартот на плејофот.

Урош Луковиќ беше прв стрелец кај МЗТ Скопје со 18 постигнати поени за 15 минути поминати на теренот. Љубомир Младеновски со 10 поени и 6 скока беше вториот играч со двоцифрен учинок. По девет поени постигнаа Дамјан Стојановски и Данило Мијатовиќ.

Во домашниот состав Душан Макенаџиев беше прв играч со 16 постигнати поени.

МЗТ Скопје својот следен меч ќе го има во вторник (05.04.2016) кога во СЦ Јане Сандански го пречекува тимот на Работнички.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page