Вторник 19.00ч; МЗТ Скопје во поход на четвртата титула

2015 31 Мај

Пуштени се во продажба влезниците за третиот натпревар од финалето помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Куманово кој е закажан за вторник (02.06.2015) во СЦ Јане Сандански со почеток од 19.00ч.  Влезниците се со цена од 100 денари за горните трибини и истите ќе можат да се набават преку продажната мрежа на МКТИКЕТС, како и на билетарата пред СЦ Јане Сандански.

Исто како и за натпреварот со КК Работнички кој се одигра на (15.05.2015), целиот приход од влезниците ќе биде наменет за малиот Максим Стојановски.

 

         ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА МАЛИОТ МАКСИМ !!!

Максим Стојановски, кој е роден во 2012 година, има проблем со видот. По долгите испитувања е констатирано дека во Македонија нема решение за лечење на неговиот проблем.
Единствена можност тој да почне да гледа е оперативен зафат (вбризгување на аломпланти), кој се изведува во странство, на секои шест месеци, до постигнување на очекуваниот резултат, но за лекувањето се потребни околу 30.000 евра, кои семејството на Максим не е во можност да ги обезбеди.
Ги повикуваме сите хумани граѓани кои се во можност да му помогнат на Максим преку донирање средства и на жиро-сметката:

МАКСИМ СТОЈАНОВСКИ
ЕМБГ 1511012450131
НЛБ Тутунска Банка АД Скопје
ж-сметка бр. 210 700000613273
цен на дознака: донација за лекување во странство

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page