Со промени во ростерот до уште посилен тим за вториот дел од сезоната!

2020 12 Фев

Паузата од речиси три недели која следува поради репрезентативниот прозорец на ФИБА е одлична можност за управата и стручниот штаб на МЗТ Скопје Аеродром да направат рекапитулација на тоа што досега е сработено, како и анализа на учинокот на секој кошаркар поединечно во пресрет на најважниот дел од сезоната во кој всушност ќе се решаваат сите дилеми, како во АБА2-лигата така и во двете домашни натпреварувања.

Нашиот тим во моментов е осамен лидер во Првата лига, како и второпласиран на табелата во регионалното натпреварување, со речиси сигурен пласман во плејофот, што секако може да се окарактеризира како позитивен резултат. Но, простор за напредок секогаш има, поради што челните луѓе на клубот размислуваат следниот период да го искористат за дополнително подобрување на ростерот со што би можеле уште посилни да ги нападнеме зацртаните цели.

„Резултатски не можам да бидам незадоволен од тоа што досега е направено, но нормално е секогаш да се цели кон нешто уште подобро. Првичните замисли ни беа да атакуваме на двата домашни трофеи како и најмалку на пласман во плејофот во АБА2, но подготвени сме да сториме сѐ што е во наша моќ да го дооформиме тимот со кој би дошле до финалето, а таму нека победи подобриот. Не е тајна дека не сме задоволни од учинокот на дел од странските засилувања и во следниот период дефинитивно ќе направиме претумбации во тој дел. Активни сме на пазарот барајќи поквалитетни дополнувања, иако немаме премногу време, бидејќи преодниот рок во АБА завршува в сабота. Промени сигурно ќе има, но на кои позиции и место кои интернационалци, дополнително ќе биде решено“, вели извршниот директор на МЗТ Скопје Аеродром“, Тони Грнчаров.

Нашата екипа во следниот период ќе биде преполовена со оглед што дури петмина првотимци се на списокот на селекторот Александар Тодоров за претстојните дуели на Македонија во квалификациите за ЕП 2021. Во жолто-црвениот дрес од нашиот тим ќе настапат Дамјан Стојановски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Кристијан Николов и Бојан Крстевски, а дел од репрезентативната акција ќе биде и тренерот Ѓорѓи Кочов, како дел од стручниот штаб на националниот тим, во кој е и неговиот помошник во МЗТ Скопје Аеродром, Никола Велев.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page